Tрајановски: Шилегов уште ли го црта Луна Паркот или ќе почне конечно со изградба?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред точно две години градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го донесе неговото другарче од Италија да ни го презентира новиот концепт за Луна Паркот или тематскиот забавен парк.

На јавната презентација беа презентирани проекции од изгледот и реквизитите кој требаше да бидат поставени.

И додека веќе набавените реквизити од неговиот претходник Коце Трајановски скапуваат во некој магацин за кои четри години се плаќа кирија или лежарина со парите на скопјани, градоначалникот Петре Шилегов после две години од „јавната“ презентација срамежливо ни открива дека ќе имало некаков си тобоган од 280 метри.
Решив да ја побарам „јавната“ презентација од 28 мај 2019 годинина, но на истата не можам да го видам тобоганот на Шилегов и другарчето од Италија. Би сакал да го замолам градоначалникот повторно да ја објави презентацијата и да ми потврди дека тобоганот е предвиден уште тогаш, а нека дека си нацртале нешто во фотошоп како и пред две години колку да имаат со што да се пофалат и да ја замајуваат јавноста.
Ако тобоганот го нема во тогашната презентација, а сепак ќе се гради, градоначалникот треба да каже дали тој заедно со другарчето од Италија уште си црткаат и проектираат и дали тоа што ни презентираше пред две години на нас советниците и јавноста беше само мачкање очи?

Додека скопјани очајно ја чекаат оваа атракција за најмладите веќе шеста година, градоначалникот Петре Шилегов ни раскажува една навистина поинаква приказна од првичната.

И за крај дали ова „бесплатна“ идеја на другарчето од Италија ќе захтева ново кредитно задолжување на скопјани за половина милијарда денари?

Скопје една крајно лицемерна приказна, пишува на Фејсбук советникот во Град Скопје и портпарол на ГРОМ, Александар Трајановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This