Tри ипол пати поголемата Србија има 76 нoвoзaрaзeни од 3.328 тecтирaни, Македонија 196 од 1213 тecтoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три ипол пати поголемата Србија во последните 24 часа има 76 новозаразени од дури 3.328 тестирани, Македонија која според бројот на население е 2.077.000 наспрема 7.300.000 население на Србија иам грзозоморни 196 новозаразени од само 1.213 тестови.

Математички гледано, Србија доколку и таму главен епидемиолог би бил Зоран Заев, би требало денеска да има околу 700 заразени, а имајќи предвид дека таму има три пати повеќе тестирани лица, бројката би достигнала на повеќе од 2000 заразени.

За нивна среќа, Србија ја нема македонската Влада, Филипче, Караџовски и извршителот на Заев, Оливер Спасовски, чија улога ја ремети само претседателот Стево Пендаровски, кој се натпреварува со Спасовски, кој повеќе ќе му исполни на Заев. Води Пендаровски, по непрогласувањето нова вонредна состојба, ден пред бројката да стигне околу 200 заразенилица и осум починати

Во однос на починатите, три и пол пати поголемата Србија има 8 пати помалку починати. Статистката вели дека доколку Србија беше Македонија со Заев, денеска таму требаше да има грозоморна бројка од 74 починати, имајќи го предвид населението и бројот на тестови. (8 x 3 x 3,5 = 74).

За жал на нашата држава, бројките и кај сите останати соседи се многу подобри, т.е. помали. Сите имаат среќа главен во одлуките за пандемијата со КОВИД-19 да не биде Зоран Заев и неговиот политикантски естаблишмент, кој со олабавувањето и укинувањето на мерките доведе до фактот Македонија да биде еден од светските лидери во експанзијата на короната, на ниво на Либија и Ирак, две поствоени жаришта во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This