TУЖБА ВРЕДНА 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Гугл се соочува со тyжба за нaрушување на приватноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во САД е поднесена колективна тyжба против Гугл, во која се тврди дека компанијата незaконски ја нaрушува приватноста на корисниците, на тој начин што ја следи активноста на луѓето дури и кога пребаруваат содржина на Интернет користејќи таканаречен „приватен режим“ (private/incognito mode)

Тужителите бараат компензација од најмалку пет милијарди американски долари од Гугл и неговиот сопственик, компанијата Алфабет, јави Би Би Си.

Многу корисници на Интернет претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи кога содржината на Интернет се пребарува во „приватен режим“, но Гугл вели дека тоа не е случај. Гугл пребарувачот ги отфрла тврдењата дека нивното постапување е нелегално бидејќи, како што вели, јасно ги информирал корисниците дека секогаш кога ќе отворат нов „инкогнито таб“, веб-страницата на која се наоѓаат може да собере информации за нивната активност за пребарување.

Според адвокатската фирма „Бојес Шилер Флекнер“, која поднесе тужба пред федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија во вторникот, со колективната тужба веројатно ќе бидат опфатени „милиони“ корисници на Гугл кои пребаруваат на Интернет од 1 јуни 2016 година. во приватен режим.

Во тужбата се наведува дека Гугл не смее да продолжи со тајното и неовластено собирање на податоци од речиси сите Американци кои имаат компјутер или телефон, пренесува Би Би Си.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This