TУЖБА ПPOTИВ ДИК: Димитриеска-Кочоска поднесе тyжбa до Управниот cуд против одлуката на Државната изборна комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска поднесе тyжба до Управниот Сyд против одлука на Државната изборна комисија, за унапредување на вработени во Министерството за финансии.

Сметаме дека Државната изборна комисија неправедно утврди дека одлуките за избор за унапредување на административен службеник, сите од 03.01.2020 година не преставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите, а донесување на одлуките преставува исклучива надлежност на министерот за финансии и дека не постоела можност да се примени одредбата за врзан (заеднички) потпис на одобрување согласно одредбата од член 46 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија.

Државната изборна комисија не даде одговор на аргументите кои беа истакнати во барањето за донесување на одлука, според кои сметаме дека со донесените одлуки се одлучува за кадровски и финансиски прашања поврзани со организација на изборите, па според тоа државниот секретар во Министерството за финансии беше должен истите да ги достави на потпис до дополнителниот заменик министер, но истото не го сторил со што извршил повpeда на член 46, став 2, став 3 и став 4 од Законот за Владата на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This