March 28, 2024, 10:28 am

Taлибaнцитe ги пpoтepaa дeвojчињaтa oд yчилиштaтa: Bo Авганиcтaн caмo мoмчињa мoжe дa oдaт нa yчилиштe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците денеска ги протераа девојчињата од средните училишта, откако испратија наредба дека само момчињата и наставниците мажи можат да се вратат во училниците.

За Би-Би-Си дел од нив изјавија дека се очајни што им е забрането да се вратат на училиште.

-Се изгледа прилично мрачно, изјави една од нив.

Портпаролот на талибанците соопшти дека нема планови наскоро да бидат отворени училиштата за девојчиња.

Во Авганистан расте стравот дека може да се врати суровото правило од 1990-тите, кога беше воведена слична забрана.

Во соопштението на талибанците објавено пред денешното отворање на училиштата се наведува дека „сите машки наставници и ученици можат да бидат дел од образовните институции“, каде средношколци се претежно ученици на возраст од 13 до 18 години.

Авганистанската агенција Бактар подоцна го цитираше портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, кој соопшти дека „наскоро ќе бидат отворени и женски училишта“. Тој кажа дека талибанските службеници во моментов работат на „процедурата и деталите за ова прашање“, кои вклучуваат поделба на наставниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This