November 28, 2021, 6:56 pm

Taлибaнцитe cи ce изjacнијa: Нe cмe тepopиcти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на Талибанците во северниот авганистански град Кундуз ја повика меѓународната заедница да ја засили помошта за земјата, нагласувајќи дека исламистичките милитанти не се терористи.

Портпаролот на провинцијата Матиула Рухани кажа дека помошта може да има форма на инвестиции, проекти за реконструкција „или каква било хуманитарна поддршка на владата или на граѓаните на Авганистан“.

Тој за ДПА од Кундуз појасни дека барањето е до „целата меѓународна заедница, вклучувајќи ја и Германија“.

-Талибанците многу ја поздравуваат помошта, рече тој.

Милитантите го зазедоа Кундуз на 8 август, во еден од серијата брзи упади, што потоа го натера ова  исламистичко движење забрзано да ја преземе контролата врз целата земја.

Последните американски војници го напуштија Авганистан на крајот на август, означувајќи го крајот на воената мисија што траеше речиси две децении.

Рухани ја критикуваше меѓународната заедница за поддршката на, како што рече, „корумпирана влада во Авганистан во изминатите 20 години“, а која ја прекина својата помош кога талибанците дојдоа на власт.

-Талибанците донесоа мир во Авганистан, рече тој, додавајќи дека тие не се терористи.

Владите ширум светот во моментов проценуваат како најдобро да се справат со талибанците, имајќи ги предвид извештаите за нивните секојднецни прекршувања на човековите права, а, исто така, се фокусираат на ублажување на растечката хуманитарна катастрофа во земјата.

За време на нивнот владеење со Авганистан  меѓу 1996 и 2001 година, ова милитантно движење воведе строг шеријатски начин на живот и целосно им забрани на жените да работат и да се образуваат надвор од домот.

Рухани одби да ја коментира контроверзната политика на талибанците кон жените, повикувајќи ги новинарите одговорите да ги побараат од преодната влада во Кабул.

Latest News

(Видео) Шпионcka афepa во САД: Откриен таен советски агент испратен да го поткопа економскиот систем на земјата

Американските републикански сенатори открија таен „советски агент“ испратен во САД во 1991 година со намера да го поткопа тамошниот...

More Articles Like This