April 26, 2024, 10:07 pm

Taжнa вecт: Пoчинa нoвинapoт кoj бeшe eдeн oд нajпpeпoзнaтливитe лицa нa Мaкфecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По кратко боледување почина новинарот Трајче Јованов. Неговото име остави незбришлив печат во штипското новинарство. Најголемиот дел од својата над 40 годишна новинарска кариера ја помина во Радио Штип. По згаснувањето на ова локално радио, негиовот глас се слушаше на радио Енџелс.

Освен новинарството имаше уште една голема љубов – актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип, но тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави практично до последниот здив. Естрадата и новинарите го знаат Трајче Јованов и како дел од Фестивалот на забавни мелодии Макфест.

Во прес службата на фестивалот беше од 1988 година. Во младоста, Јованов, беше активен и политички. Еден период беше секретар на Социјалистичка младина, а беше и член на првиот Совет на општина Штип по осамостојувањето на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This