Taлибaнцитe фopмиpaа cпeциjaлeн бaтaлjoн – ќe ce cocтoи oд 6oмбaши caмoy6иjци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците формираа специјален баталјон од бомбаши – самоубијци на северот од земјата за заштита на границите со Кина и Таџикистан, изјави заменик – гувернерот на провинцијата Бадакшан, Мула Нисар Ахмад Ахмади.

„Специјален одред за самоубијци по име Лашкар-е Мансур ќе биде распореден на границата со Авганистан”, изјави гувернерот, цитиран од локалната новинска агенција Хама Прес.

Бомбашите – самоубијци од овој одред учествуваа во терористичките напади врз силите на соборената влада и членовите на меѓународната коалиција, предводена од Соединетите Американски Држави.

Откако САД објавија повлекување на своите војници од Авганистан, талибанците започнаа голема операција за преземање на контролата над земјата и на 6 септември објавија дека е обезбедена целосна контрола на целата територија на Авганистан, а следниот ден ја претставија новата влада составена само од членови на движењето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This