Taceвски: Cтeвчо Jaкимовски e 100 пpoценти вo пpaво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа што Стевчо Јакимовски го пишува за најголемиот пораз на бугарската фашистичка армија кај Чупино брдо, нанесен од Третата македонска ударна бригада е точно 100 проценти.

Дедо ми, Стојан Тасевски, подоцна мајор во Југословенската армија, како понизок команден кадар во таа бригада, во тоа време, е директен учесник во таа битка и беше многу горд на таа победа. Тогаш дедо ми имал само 20 години. Добро се познаваше со творецот на таа победа генерал Апостолски. Дури, некаде во 1980 сум седел со него и дедо ми, во Идадија. Дедо ми неколку пати ми кажувал како Бугарите биле барем дупло побројни во таа битка. До Софија ќе ги бркавме да не стигнеше наредба да ги пуштиме да избегаат кога ги разбивме во парампарче. А бегаа од нас како од мечки. Ова е цитат.

Затоа не давам Заев или било кој друг да ја брише таа историја. Не давам.

Со Бугарите можеме да бидеме пријатели, ако прво се извинат за злото што им го нанеле на Македонците во таа голема војна. И ако конечно сфатат дека не можат силеџиски да менуваат нечија туѓа национална свест. Особено не во 21 век. Со силеџиство само повеќе го бетонираат нашето чувство за посебност како народ.

Стево Ел команданте, уште чекаме од тебе протестна нота или што да е поврзано со протест против повикот на Каракачанов за окупација на Твојата Земја.Немој да се однесуваш ко кокиче.

Тоа што Стевчо Јакимовски го пишува за најголемиот пораз на бугарската фашистичка армија кај Чупино брдо, нанесен од…

Posted by Sasho Tasevski on Thursday, October 22, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This