TACEВCКИ ДО „ГPAЏАНКАТА МИЛA“: Знaeме зошто ја ykинyвaтe Истopиjaта, за да му напpaвите ќeф на Велeпpeдавникот и нa Бугapите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат реакциите на јавноста по веста дека со предвидените измени од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, се укинува предметот Историја.

Македонскиот народ го претвораат во зомби човек – остри реакции за маргинализирањето на историјата во образовниот процес

Знаеме зошто ја укинувате историјата како предмет, за да му направите ќеф на Велепредавникот кој ве води и на Бугарите, ѝ порача актерот Сашо Тасевски на министерката Мила Царовска.

ГраЏанке Мила, мислиш многу си паметна и дека далеку ќе стигнеш со твоиве имбецилни одлуки.
Знаеме зошто ја укинувате историјата како предмет, за да му направите ќеф на Велепредавникот кој ве води и на Бугарите. Да го збришете полека минатото од главите на наредните генерации.
Ако си го читала Орвел, ГраЏанке Мила, а не верувам, треба да знаеш дека оној кој нема контрола на минатото и не го знае, нема ни иднина. Народ кој не ја познава својата историја, осуден е да ги повторува нејзините грешки.
Уништивте се што може да се уништи, кое е поврзано со македонската националната свест.
ГраЏанке Мила зошто толку многу ви се гади од сопствениот народ?
Зошто толку ги мразите Македонците и нивните традиции и историја?
Ги уништувате ќутенката не само образованието туку и моралот. Мислите сте недопирливи?
Само напред, ќе дојде време ќе ликуваме над вашата пропаст, која ја заслуживте. Не очекувајте сомилост од никој. Милоста и простувањето се христијански особини, ама за вас простување нема, оти сте ѓаволи. Таква омраза да имаш кон својот народ е и тоа како ѓаволски, вели Тасевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This