Имало ли тajна cpeдба помеѓу 3aeв и Миjaлков, ce лицитиpaло ли co затвopcки kaзни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Сашо Мијалков беше обвинет процес за 27 април, би бил во притвор бидејќи би бил првообвинет. Како од притвор би организирал конгрес. И веројатно од тука е таа бланко карта да не биде воопшто споменат во тој процес, истакна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Kоментирајќи ја Иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, Митовски истакна дека дел од иницијаторите се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ па токму поради оваа причина не може да се каже дека во партијата има раздор.

-Од тоа што го знам раздор во ВМРО-ДПМНЕ нема, а поголем дел од тие луѓе се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека и да сакаат не можат да прават раздор.

Митовски истакна дека за процесот Таргет- Тврдина имало состанок помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков на кој била договорена пресуда од 3 години за Мијалков, а на апелација би можела да се анулира таа казна.

-Имам информација дека за процесот Таргет-Тврдина имало состанок помеѓу господинот Сашо Мијалков и господинот Зоран Заев состанок на кој му било предочено на Мијалков дека би требало да прифати казна од најмалку 3 години, која потоа би била спорена на апецалија, а бидејќи апелација била под контрола на Сашо Мијалков таа можел сам да си ја анулира, вели Митовски.

За случајот Таргет- Тврдина новинарот Горан Момировски додаде дека однапред се лицитира со должина на затворските казни, казни од 36 до 46 месеци и Мијалков не би бил во притвор за да може да го организира тој вонреден конгрес во МК Мериот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This