April 20, 2024, 10:07 am

TAMAPA ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛА: Јавно се извини во својот говор на „Златна бубамара на популарноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа во салата А1 под мотото „Нема правда има Бубамара“ се одржува 23-тото издание на манифестацијата Златна Бубамара на популарноста.

Една од наградите кои се доделија на манифестација падна токму во рацете на Тамара Тодевска.

Имено, таа годинава се закити не со една, туку со две Бубамари, една за хит на годината и една за пејачка на годината.

Во говорот кој Тамара го одржа не го заборави случувањето кога изостави дел од македонската химна, поточно на прославата на Дeнот на нeзaвиcностa на САД во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска во нејзина верзија ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.

Тогаш ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а вечерва за сето тоа јавно се извини и бескрајно му се заблагодари на својот сопруг, за кој кажа дека во целиот тој период токму тој и бил најголемата поддршка и најголемата жртва паднала токму на него, не ги заборави ниту нејзините најблиски, а најмногу и се заблагодари на публиката која беше со неа и кога беше на самиот врв, но и кога ја направи лошата грешка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This