Teлoтo го зaвиткaл во вреќи и ќебе, па го фpлил – Кpивичнa за скопјанец кој ја y6ил партнерката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

-На 03.08.2019 во куќа на ул.„Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, пријавениот физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото, информираат од МВР.

После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на с.Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од нас.Шуто Оризари кон с.Горно Оризари. Телото било пронајдено два дена подоцна, на 05.08.2019.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This