October 20, 2021, 5:56 pm

Teнзиитe pacтaт: Америка ce oбидyвa дa гo ocпopи тepитopиjaлниoт интeгpитeт нa Рycиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД неосновано се обидуваат да го оспорат рускиот територијален интегритет со тоа што не ја признаваат позицијата на Русија по порашањето на заливот Петар Велики во крајбрежната провинција на Далечниот исток, изјави шефот на граничната служба на ФСБ, Владимир Кулишов.

Тој потсети дека во согласност со руското законодавство и меѓународните норми, државната граница во морските води се наоѓа на растојание од 12 наутички милји од крајбрежјето, за разлика од економската зона, која може да биде над 200 милји.

Сепак, како што истакна, тие правила не се однесуваат на таканаречените „историски заливи“ како што е случајот со Заливот на Петар Велики, кој го има тој статус од 1957 година со одлука на Советот на министри на СССР, бидејќи има посебно одбранбено значење.

„Тврдењата на Америка се неосновани од гледна точна на меѓународното право. Инцидентот што се случи во ноември 2020 година, кога американскиот разорувач „Џон Мекејн“ заплови во тие води, претставува кршење на државните граници на Руската Федерација“, изјави тој.

Да потсетиме, американскиот разорувач „Џон Мекејн“ се обиде да влезе во руските територијални води кон крајот на ноевмри минатата година, се пак бродот на руската пацифичка флота „Адмирал Виноградов“ го запре за таа цел.

Благодарение на реакцијата на руската флота, американскиот брод успеа да исплови само два километри преку граничната линијa.

Latest News

(Видео) Османи му се зakaнувал на Фуркан: Heрвоза кај власта, продолжуваат нaпaдите врз новинари

Новинарот Фуркан Салиу на социјалните мрежи реагираше на односот на министерот за надоврешни работи, Бујар Османи, кој, како што...

More Articles Like This