TEШКА СООБРАЌАЈКА ВО МАКЕДОНИЈА: Загина жена а повредени се 5 лица меѓу кои и деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера околу 18,00 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за селоКамењане, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во сообраќајката учествувале две патнички возила: „Опел корса“ со тетовски регистерски таблички, управувано од 37- годишниот В.С од Урвич и „Форд куга“ со швајцарски таблички, што го управувал 42- годишниот Л.О од Кичево.

Во несреќата, возачот на „Корсата“ и неговата сопруга 32- годишната Е.С. се здобиле со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде Е.С. починала.

По укажаната лекарска помош, В.С. бил префрлен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди, се здобиле пет сопатници во „Корсата“ на возраст од две, шест и тројца на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во тетовската клиничка болница,  а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This