March 28, 2024, 12:36 pm

Teшко нac: 3aeв и Пендаpoвски имале ист став по однос на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За време на традиционалното, годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски оваа година, бевме сведоци на одговорен пристап во согласност со државните интереси и како придонес на нашите стратешки определби, соопшти премиерот Зоран Заев.

-Придонесот што претседателот Пендаровски го даде од аспект на борбата со коронавирусот и во период кога немавме функционално Собрание, го премости периодот до изборот на новата Влада, со што се создадоа и сите предуслови за решителен институционален одговор на здравствено-социјалната и економската криза. Го поздравуваме фактот што со претседателот Пендаровски сме едномислени во однос на одбраната на државните позиции и интереси за нашата иднина во ЕУ, како и во пристапот за решенија за прашањата со Бугарија. Од неговото обраќање е јасно дека делиме заеднички став и едногласност дека за македонските идентитетски прашања – јазикот и националната припадност како Македонци, нема преговори. Тие се потврдени и меѓународно признаени. Се потврдува и нашето заедништво и благодарност и во однос на поддршката што ја добиваме од албанскиот и од сите други народи во нашата земја, за разбирањето за нашите напори да го сочуваме и промовираме македонскиот идентитет. Тоа е силна потврда и на нашето заедничка чувство дека државата доби многу со членството во НАТО, но и силна поткрепа на нашата категорична определба дека полноправното членство во Европската Унија нема алтернатива- напиша Заев на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This