Tecт зa пapлaмeнтapнo мнoзинcтвo: Пpeдлoгoт зa интepпeлaциja нa Димитров пpeд пpaтeницитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, поднесена од опозицијата.

Оваа седница првично беше закажана за 18-ти јануари, но тогаш не беше утврден ниту дневниот ред поради тоа што власта немаше кворум за гласање, бидејќи еден пратеник од владејачкото мнозинство беше позитивен на коронавирус, а уште еден бил тестиран и за него се чекаа резултати.

Опозицијата тогаш не присуствуваше на седницата, а владејачкото мнозинство таквото однесување го оцени како недржавничко, особено, како што рекоа, што на оваа седница, меѓу другите, се измени на Законот за лекови, поврзани со вакцинацијата против КОВИД-19.

На ова реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој истакна дека неприсуството на опозицијата на седницата е резултат на, како што рече, недемократското однесување на мнозинството во Парламентот. Се додека не го смените начинот и односот со опозицијата, се додека законските решенија не се ставаат на матичните комисии каде треба и се додека избегнувате демократска дебата, нагласи Мицевски, ќе наидувате на отпор согласно алатките што ни стојат на располагање.

Меѓу предлог-законите на дневен ред на оваа седница се и оние за изменување на законите за еднакви можности на жените и мажите, за заштита од вознемирување на работно место и за употреба на знаковниот јазик, како и на законите за практиканство и за волонтерството, сите по скратена постапка.

Пратениците по скратена постапка ќе расправаат и за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и на Предлогот на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.

На дневниот ред на оваа седница се и повеќе законски измени од сферата на јавното здравство, трговијата, финансиите, културата и науката, како и предлозите на законите за изменување на Законот за заштита од бучава во животната средина и на Законот за животната средина.

Пратениците треба да расправаат и за измениа на Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, Законот за странци, Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и на Законот за полиција.

Со европско знаменце на дневен ред на оваа седница се поставени Предлогот на закон за развој, производство и промет на воени стоки, Предлогот на закон за лобирање и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, сите во прво читање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This