March 28, 2024, 11:43 pm

Toдopживковисти ја тpyjат бугapcката дyшa co хитлepизaм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарска доктрина и стратегија против Македонија и Македонците(2)

Бугарската денешна “заедница на господари“ (забегана државно-политичка елита) и на политичко, и на државно ниво е брутална манифестација на состојбата на ограниченост, манифестација на оковани, зли и одвратни политичари и државници. Тодорживковисти кои ја будат тајната носталгија на бугарската душа кон Македонија и Македонците. Тоа е лудило што се стреми да го зарази 21от век со хитлеровското зло – хитлеризмот. На тој начин бугарскиот естаблишмент, со својата фашистичка и шовинистичка политика, го губи живиот допир со својот вистински идеал за слободата, а ги прифаќа и демонстрира дегенерираните облици на свеста. Дуче или Фирер… Сталин или Живков… наспроти(или во симбиоза) Борисов, Радев, Захариева или Каракачанов!? Зарем тоа не е едно те исто?

Бугарскиот државен естаблишмент сака со политички инжињеринг, со историски инжињеринг, па и со национален инжињеринг и етно инжењеринг, да ни всади чип дека: сме еден народ во две држави; дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик; и дека нашата историја пред 1944 година е бугарска историја. Мораме да бидеме подготвени и на штрек – да се одбраниме, за да постоиме и опстоиме. Нагонот за постоење веќе е вклучен. Најпрвин да го проучиме злото што ни се заканува. Тоа е бугарскиот фашизам. Мораме да знаеме дека неговата психолошка структура, во основа е анималност против хуманоста на човекот. Тоа е самото елементарно зло. Таа психолошка структура е најопасна и најпогубна, за нас, а во крајна линија и за самиот бугарски народ и бугарската држава. Во тоа е нејзината грдост и нејзината одвратност. Нихилистичка структура – политичка, државна, национална, етничка. Негација на се што е различно на се што е алтернативно, на се Друго.

Сите национални и државни доктрини и стратегии на балканските држави(без исклучок и како по правило се насочени против Македонија и Македонците), не се создадени случајно и спонтано. Напротив. Како прво, сите до една имаат своја генеза, социо-историја, формулација, социјална и развојна подлога. А како второ, без исклучок, имаат свои мотиви, директно вклучени актери, индиректни поттикнувачи, моќни подржувачи, “позади завеса“, т.е. “под маса“.

Кога сиот овој комплекс и контекст ќе се разбере и разјасни, тогаш можеме да зборуваме за кристализација на односите со соседите(особено со Бугарија и Грција) и за формулирање и прифаќање на соодветни политики, првин внатре во Македонија, а потоа и на надвор кон соседите.

Македонскиот народ, македонската нација и македонската држава, без оглед на сите доктрини и стратегии, насочени против се што е македонско, мора да опстојат и да се одржат. Не смеат да потклекнат на предизвиците пред кои се исправени и на искушенијата со кои се соочуваат.

Секоја доба на распаѓање на човечките и хуманистички вредности, е доба на процут на кичот – политички, културен, материјален, духовен… А епохата на потполно исчезнување на тие вредности го придвижува злото. Злото од луѓето кон луѓето. А токму со тоа денес сме соочени, ние Македонците. Атакувана е нашата Татковина Македонија, бездушно, без срам и перде, ни го променија името на државата. Знаеме, тоа го направи грчката национал-шовинистичка политика, под чадорот на Вавилонската ороспија – Европа, олицетворена во Европската унија. Тој нецивилизациски и анахрон чин како да им беше недоволен, па еве сега Бугарија, повторно под патронажа на Европската унија, со своите валкани раце на балканска хиена, посегнува по македонскиот јазик, македонската нација, македонската историја…. по се што е македонско. Прашањето што го поставувам, сега и тука, и кое сакам да одекне како гром е: Што да се прави? Поточно, Што да правиме денес? Соочени сме со ужасот на нашиот опстој – опстој на јазикот, народот, културата, историјата.

Инострани душебрижници, искористувајќи наши домашни одродници, ни промовираат “нови општествени вредности“, со замаглени извори врз кои се потпираат тие “вредности“. Таканаречените вредности се национален екстремизам, шовинизам, етно-центризам, етно-симболизам, национален нихилизам – од пети до глава бугарски, спакувани во џиџе обланда на балкански мегаетникум. Сите овие штетни “изми“ мораме правилно да ги поимаме и разбереме и најсоодветно и енергично да реагираме на нивните изрази и манифестации. Национализмот, шовинизмот и етно-центризмот се panem et circences, pane e pace или Bread and circuses на модерното доба, супстрат на изгубените сништа и илузија на бугарските романтичари.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This