Toлкy oд „АстраЗенека“, и Словенија ja coпpe вakцинaциjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенија им се придружи на поголемата група држави во Европската Унија кои одлучија привремено да го сопрат вакцинирањето со „АстраЗенека“ против Ковид-19, потврди синоќа министерот за здравство Јанез Поклукар.

Тој на ненајавена прес-конференција во Љубљана рече дека таква одлука е донесена превентивно и дека ќе важи се додека за безбедноста на вакцината не се изјасни Европската агенција за лекови ЕМА, што се очекува за денеска.

Одлуката на Словенија значи дека сите оние кои биле закажани за вакцина денеска, ќе се одложат штом ЕМА ја донесе својата одлука.

Словенија со ова им се приклучи на другите земји челнки на ЕУ кои исто така го сопреа вакцинирањето со „АстраЗенека“, меѓу кои и Германија, Франција и Иралија.

Ова се прави затоа што се јавија повеќе случаи на луѓе кои по примањето на оваа вакцина добија згрутчувања во крвта.

Вчера, епидемиологот Матеја Логар рече дека покрај тоа што некои европски земји се со резерва кон вакината, Словенија ќе продолжи да ги вакцинира своите граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This