Toплoтниoт бpaн вo Канада oдзeдe 500 живoти…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во западната канадска провинција Британска Колумбија објавија зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи поврзани со екстремно високите температури. Властите соопштија дека речиси 500 луѓе починале како резултат на топлотниот бран.

Властите предупредија дека бројот на починати од горештините може да продолжи да расте.

Здравствените служби порачуваат дека ќе поминат неколку месеци пред со сигурност да се утврди што предизвикало такво зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи, но предупредуваат дека топлото време е несомнено една од причините, особено кај постарата популација.

Надлежните во здравствените служби се соочија со критики за несоодветно реагирање на вонредната состојба, а началникот на службата за итни случаи им се извини на граѓаните кои морале да чекаат подолго за да пристигнат амбулантни возила.

Високите температури предизвикаа и шумски пожари во кои загинаа најмалку две лица, а селото Лајтон е целосно изгорено.

Противпожарните служби соопштија дека заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари, од кои девет предизвикуваат сериозна загриженост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This