Tokcичнитe гacoви од ekcплoзиjaтa во Бејрут, може да бидат oпacни и за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воздушната маса која носи честички од нитратот ослободен во експлозијата во Бејрут, може да помине и до подрачја оддалечени илјадници километри. На овој начин може да биде загрозена цела Европа. Добрата вест е дека се зголемени врнежите од дожд во овој период, па не би требало да има опасност по Македонија, иако отровите може да стигнат се до Србија.

Според Драгана Ѓорѓевиќ, научен раководител на Центарот за хемија и инженеринг на животна средина при Институтот за хемија, технологија и металургија од Белград, која за Спутник ги анализираше ефектите од експлозијата во Бејрут и опасноста врз Србија, ослободениот амониум-нитрат во експлозијата може да пристигне и до Балканот.

Нитратите може да стигнат и до Белград, а со тоа и во Македонија

До експлозијата во која загинаа најмалку 100 лица, а повредени се повеќе од 4.000, според прелиминарните наводи на бејрутската полиција, причината за експлозијата во складиштето на пристаништето е 2.750 тони амониум-нитрат и 2.700 калиум-нитрат.

„Нитратите се поврзани со многу канцери, пред се канцер на желудник и дебело црево. Потоа, предизвикуваат Паркинсонова болест, Алцхајмер и слично. Во секој случај се непожелни, особено во животната средина и воздухот. Она што е посебно опасно, од таа количина од шест илјади тони ослободени се 3.700 тони чист нитрат, чиста опасна супстанца која сега се наоѓа во воздухот и која може да достигне голема оддалеченост во преносот. Овие честички можат да опстанат со денови, па и со недели во атмосферата.“ – вели за Спутник, Ѓорѓевиќ.

Дождот не штити

Запрашана колкав простор би можел да биде контаминиран со експлозијата, соговорничката за Спутник одговара дека нитратите во воздушната маса може да достигнат илјадници километри од изворот, така да цела Европа би била загрозена.

Таа додава дека е многу важно во овој период да се следи метеорологијата, односно каде се движи воздушната маса од Бејрут. Она што е добро, како што истакнува, е дека нитратите лесно се раствараат во вода и дека секој дожд лесно ги спушта на земја и ја намалува опасноста по животната средина и луѓето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This