Topтypa врз Opцe Kaмчeв констатираше и Hapoдниoт Пpaвoбpaнитeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од одбраната на г-динот Камчев дознаваме дека во текот на денешниот ден е испратен допис до сите дипломатски претставништва во земјава. Повод за дописот до сите Амбасади е извештај од Народниот правобранител на РМ кој по направениот увид во притворот на покана на одбраната, констатира нехуман третман, тортура, понижувачки услови и со тоа загрозување на здравјето на притвореникот.

Тврдењето на одбраната дека г-динот Камчев е притворен без никаков доказ, без постоење на белешка и докази од АНБ, односно, со други зборови е киднапиран ќе се докажува по институционален пат, велат од одбраната.

На тоа, со овој извештај од Народниот правобранител кој ги потврди наводите и на одбраната за нехуман, нечовен третман и тортура која му се врши на притвореникот е дополнување со кое ќе се бара целосна правда на домашен и на меѓународен план.

Одбраната веќе подготвува апликација до Стразбур, до Европскиот суд за човекови права.

Народниот правобранител по направениот увид ги потврдува тврдењата на одбраната за нехумани услови и тортура во притворот, со што се загрозува и неговата здраствена состојба.

Извори од Комитетот за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување во Стразбур, на кои им е презентиран извештајот добиен од Народниот правобранител на РМ биле шокирани од содржината на истиот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This