Портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов, повикува на трпение.
„Трпение, спасение!“, напиша Костадинов вчера попладнето на својот фејсбук профил, откако без договор заврши вчерашната средба меѓу партиските лидери Зоран Заев и Али Ахмети.
Во Собранието, по двочасовната средба, вчера немаше финален позитивен исход од средбата Заев- Ахмети. Тие не успеаја да се договорат за новото парламентарно мнозинство и за тоа како ќе изгледа владата.
По завршувањето на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека до петок, кога истекува рокот за доделување на мандатот ќе го добие мандатот и ќе формира мнозинство.
Новинарите го прашаа Али Ахмети дали албанец Премиер е главна пречка за неуспешната средба , на што тој одговори. „Јас сметам колку што сме блиску , толку сме и далеку, но сепак сите страни треба да ги имаат во превид големите интереси на државата“.
Овој негов пост се сфаќа како смирување на партиското членство и симпатизерите…..