Tpи пoжapи cè yштe ce аkтивни: ЦУK aпeлиpa – нe гo злoyпoтpeбyвajтe бpojoт 195 зa лaжни пoвици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов има три активни пожари – кај селото Раовиќ, во Општина Сарај, во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп и нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко, информираше на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова.

– Пожарот кај селото Раовиќ, Општина Сарај е се уште активен и утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а исто така чадење се гледа, но со помал интензитет кај Осој, на линијата помеѓу селата Буковиќ, спрема Чајлане. Во текот на вчерашниот ден на негово гаснење се интервенираше од воздух со два армиски хеликоптери, изјави Вчкова.

Пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, кој е на непристапен терен, утрово е со многу слаб интензитет.

– Се работи за приземен пожар, каде гори лисната постилка и сува трева. Засега нема опасност од проширување или загрозување на населени места или објекти. Рано утрово на терен е испратена екипа од ЈП „Национални шуми“ од Прилеп за да се увиди каква е точно состојбата со овој пожар, информира Вчкова.

Започнат е нов пожар над изгаснатиот, кај село Нивичино, во Струмичко.

– Пожарот е на непристапен терен, а од рано утрово на терен се излезени пожарникари и лица од шумско стопанство „Беласица“, изјави Вчкова.

Пожарот во атарот на село Барово, во Демир Капија е веќе целосно изгаснат.

Од ЦУК ги повикуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места, каде е присутен оган или дим, да ги известат надлежните служби во најблиските институции или да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици на ЦУК – 195.

Апелираат, исто така, овој број да не се злоупотребува за лажни повици, што значително би ја отежнале работата на гаснењето на постоечките пожари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This