TPУEЊE СО ХРАНА ВО СКОПСКИ РЕСТОРАН: „Галакујна“ затворена откако 11 дечиња добиле тpyeње!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат(ДСЗИ) и на Агенцијата за храна, попладнево ја затвориле кујната „Галакујна“ на Булевар „Србија“ поради cомнеж за тpyење со храна на 11 деца кои посетувале академија за фудбал во ФФМ, како и еден физиотерапевт, потврдиле вечерва за Нова тв од ДСЗИ.

Тие на 7 март побарале помош во ПЗУ Медика каде се жалеле на болки во стомакот и диjapеја, но пријавата од амбулантата до Центарот за јавно здравје стигнала дури денеска.

„Галакујна“ е затворена поради сомнеж за Алиментарна токсоинфекција од храна конзумирана таму. Затворена е со лента од инспектори на ДСЗИ и АХВ, како и екипи на ЦЈЗ и Институт за јавно здравје. Земени се примероци од храна од едниот и од површините од двата објекта, но тој во Карпош не е затворен. Инспектори утре ќе одат во контрола на ПЗУ Медика да се види зошто толку доцна ја поднеле пријавата – изјави за Нова тв, Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.

Ова е второ тpyeње со храна на деца кои посетуваат фудбалска академија. Во август годинава седум деца на возраст од 13 до 15 години добиле симптоми на акутно тpyeњe од храна која ја консумирале во трпезаријата на Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ, а храната била обезбедена од кетеринг-служба на ДПТУ Форцашпед ДООЕЛ Скопје, подружница „Галакујна“ бул. Србија бр.50 Аеродром.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This