March 28, 2024, 10:41 pm

Tpaгeдиja вo Боливија: Најмaлкy 21 лицe зaгинa пpи пaд нa aвтoбyc вo пpoвaлијa, yштe 12 лицa ce пoвpeдeни вo нecpeќaта…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 21 лице загинаа кога автобус падна во провалија во Боливија, јавија во понеделникот локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Уште 12 лица се повредени во несреќата што се случила на патот што минува низ областа Морочата во одделот Кочабамба, јави весникот Ел Дебер.

Преживеаните со неколку амбулантни возила биле пренесени во областа Винто, соопшти полицијата на местото на настанот.

– Успеавме да изброиме 21 загинат, од кои три се деца, рече локален полицаец.

Сериозни сообраќајни несреќи се вообичаени на тесните, понекогаш и неасфалтирани планински патишта во земјата на Андите.

Во март, автобус се урна меѓу Санта Круз де ла Сиера и Кочабамба, при што загинаа најмалку 20 луѓе.

Во јули, автобус падна повеќе од 100 метри во близина на Чатакила, при што загинаа најмалку 34 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This