October 23, 2021, 10:05 am

TPAГЕДИЈА ВО РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА: Се yдaви репрезентативниот голман

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огромна трагедија го потресе утрово Охрид и ракометна Македонија. Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски.

Безживотното тело на младиот спортист е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало никакви траги од насилство. Според информациите од охридската полиција, тој се водел за исчезнат од синоќа, а по него интензивно ноќва трагале полицијата како и неговите соиграчи и блиски пријатели.

Безживотното тело било пронајдено денеска во туристичката населба Лагадин во близина на Охрид. Поради трагичната смрт на младиот голман, одложен е вечерашниот меч од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.

Даниловски изминативе години беше постојано на репрезентативните списоци на Данило Брестовац и Кире Лазаров, а во својата кариера покрај за Охрид претходно бранеше и за Металург и за Еурофарм Пелистер.

Latest News

(Видео) CKAНAЛОЗНO: Нacтaвник малтpeтиpa yчeник во ocнoвно yчилиштe вo Бутел

Вознемирувачко видео од наставник кој малтретира дете се појави на социјалните мрежи. Според објавата, немилиот настан се случува во скопско...

More Articles Like This