TPAГЕДИЈА: Во 2018 година рекорден број на иceлени Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Западен Балкан масовно се иселуваат и заминуваат во некоја од земјите на Европската Унија. Дури 3 милиони жители во последните 10 години заминале во некоја од земјите од ЕУ, покажува најновата анализа на Епик институтот.

Податоците за Македонија покажуваат дека од 2008 до 2018 година од земјава си заминале 258.020 жители. Првиот сериозен бран на заминување е регистриран 2015-та кога земјава ја напуштиле околу 27.500 жители. Рекордот е направен лани кога во ЕУ заминале дури 33.337 жители.

На графиконот горе направена е споредба на просечна миграција за време на центар-десно влада (2008-2016) во однос на социјал-демократска левица (2017 и 2018).

Податоците се повеќе од очигледни. Токму актуелната власт која пред да дојде на власт се фалеше дека ќе го намали отселувањето и ќе ги задржи младите во Македонија, целосно потфрли. Иселувањата станаа нашето секојдневие, па дури пред некој ден и претсетседателот Пенадровски изјави дека да не бил претседател и тој ќе се отселел, што е уште еден доказ за лошата политика која се води во Македонија. Младите, но и повозрасните, во потрага по подобар живот, разочарани од ситуацијата во државава, си ги пакуваат куферите и масовно заминуваат.

Податоците говорат дека 61,3 отсто од македонските државјани побарале дозвола за престој во ЕУ, 16,7 отсто нелегално заминале во еврозоната, а скоро 22 проценти побарале азил.

Албанија е лидер во регионот по бројот на иселени лица, од каде за 10 години се иселиле речиси 1.250.000 луѓе. Најмалку иселени има од Црна Гора, 36 илјади жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This