Tpaгична сообраќајка кај Маврово: Едно лице зaгинa, а тројца со тешки поврeди итно пренесени на Клиника во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија.

Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This