March 28, 2024, 12:55 pm

Tpaгeдијa…: Од Koвид-19 пoчинa 35-гoдишнa пaциeнткa oд Paдoвиш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во штипската модуларна болница се намалува бројот на пациенти, кои болнички се лекуваат. Според извештајот, во модуларната болница се лекуваат 32 пациенти од кои 24 се на кислородна поддршка. Во Кожното одделение со полесна клиничка слика се девет лица. Битката со коронавирусот во изминатите 24 часа ја загубија 35-годишна пациентка од Радовиш и 71-годишен пациент од Делчево.

Началникот на штипското Инфективно одделение, Дијана Гајдарџиска-Шишкова за МИА вели дека 35-годишната пациентка во болницата е донесена во тешка состојба, со обезност и ниска сатурација. Апелира пациентите  да се јавуваат на лекар, со цел да имаат навремен болнички третман.

Болнички третман бараат пациенти над 60 години, но на возраст од 30 до 50 години се лекуваат вкупно четворица, а на возраст над 20 години имаат една пациентка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This