Tpaмп со ypнебecна чecтитка и cpeден пpcт зa пола Aмepикa: „Cpeќен Beлигден нa CИТE, вклyчитeлнo и нa paдикaлнитe левичapcки лyдaци“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави велигденска порака во која им посакува среќен празник на сите. Бидејќи му беше забранет пристап до социјалните мрежи поради крвавиот хаос предизвикан од неговите приврзаници во Капитол, неговата порака ја споделија други корисници на социјалните мрежи, вклучително и новинар на „Њујорк Тајмс“, кој прокоментира: „Исус не би го кажал тоа подобро“.

„Среќен Велигден на СИТЕ, вклучително и на радикалните левичарски лудаци кои ги наместија нашите претседателски избори и сакаат да ја уништат нашата земја“, порача Трамп, кој не се откажува од теоријата дека бил ограбен на претседателските избори во ноември.

Со оглед на тоа дека социјалните мрежи на поранешниот претседател се забранети по упадот во Капитол во јануари, неговата велигденска порака преку Твитер ја споделија активни корисници, меѓу нив и репортерот на „Њујорк Тајмс“, Кенет Вогел.

„Исус не би го кажал тоа подобро“, напиша Вогел пренесувајќи ја пораката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This