Tpaмп ја пoбeди на cyд п*pнo актepкаaтa Cтopми Дaниeлc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врховниот суд на САД денес го отфрли обидот на п*рно актерката Сторми Даниелс да ја активира тужбата за клевета против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за објавата на Твитер во која тој ja обвини за измама, откако таа опиша дека и се заканувале затоа што објавила дека има сексуални односи врска со него.

Донесувајќи случајот до завршница, судиите ја потврдија одлуката на понискиот суд со која беше отфрлена нејзината тужба.

Деветтиот американски апелационен суд, со седиште во Сан Франциско.

Минатата година, се согласи со федералниот судија од Лос Анџелес, кој во 2018 година одлучи дека забелешките на Трамп не се клевета и дека првиот амандман на Уставот на САД му дава гаранција за слобода на говор.

Даниелс, тврди дека имала сексуални односи со Трамп пред да стане претседател, и сега изјави дека непознат маж и се заканувал во 2011 година на паркинг со намера да ја спречи да зборува за нејзината врска со Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This