Tpaнcпapeнcи Интepнeшнл: Пaндeмиjaтa ja згoлeми kopyпциjaтa вo ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата ја зголеми корупцијата низ Европската унија, чии граѓани повремено мораа да бараат лични врски за да добијат здравствена заштита, а некои влади ја искористија кризата во своја полза, наведува во извештај Транспаренси Интернешнл.

Истражувањето, во кое учествуваа повеќе од 40.000 луѓе во 27 земји-членки на ЕУ од октомври до декември 2020 година, покажа дека 29 отсто од луѓето се потпираат на услуги или пријатели и семејство со добри врски за пристап до јавниот здравствен сектор.

Шест отсто од испитаниците давале мито директно.

„Здравството е жариште на корупција, особено кога владите се бореа против пандемијата Ковид-19“, се вели во годишниот извештај на ТИ за искуствата на луѓето и перцепцијата на корупцијата во ЕУ, Глобален барометар за корупција – ЕУ 2021.

Највисоко ниво на корупција во здравствениот сектор е забележано во Романија (22 отсто) и Бугарија (19 отсто), а зависноста од лични врски е најчеста во Чешка (54 отсто) и Португалија (46 отсто).

Многу испитаници оценија дека нивната влада не управува со пандемијата на транспарентен начин.

Во Франција, Полска и Шпанија, така мислат 60 отсто од учесниците во истражувањето.

ТИ оцени дека наодите од истражувањето се „особено загрижувачки за време на пандемијата
со Ковид-19, кога на граѓаните итно им требаше здравствена заштита и вакцини.

„Не само што на луѓето кои страдаат од Ковид-19 им е потребна медицинска помош, туку и владите ширум ЕУ организираат вакцини за заштита на најранливите и планираат да издвојат милијарди евра за закрепнување по пандемијата“, се вели во соопштението

„Корупцијата ги загрозува сите овие активности“, додаде ТИ, повикувајќи ги владите на ЕУ да ги удвојат своите напори за да обезбедат фер закрепнување од пандемијата.

Во извештајот се вели дека Унгарија и Полска ја искористија кризата како „изговор за поткопување на демократијата“ со усвојување регулативи кои ги ослабнаа демократските институции.

Другите политичари сметаа дека кризата е „шанса за профит“, се додава во извештајот, кој укажува на лобирање за набавка на заштитни маски и скандали во кои се вклучени некои германски пратеници.

Покрај здравствениот сектор, третина од жителите на ЕУ сметаат дека корупцијата како целина се влошила во нивната земја, според резултатите од истражувањето.

Речиси половина од населението проценува дека нивната влада не оди добро во решавањето на тој проблем.

Испитаниците особено изразија загриженост за „пријатните врски“ меѓу владите и приватниот сектор и очигледна леснотија со која компаниите можат да ги намалат своите даночни сметки.

„Овие резултати треба да бидат повик за будење“, рече директорот на ТИ, Михил ван Хултен.

„Постојат многу активности што треба да се спроведат веднаш, како што се зголемување на транспарентноста на лобирање и на национално и на ниво на ЕУ и решавање на проблемот со затајување данок“, рече Хултен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This