Tpajанов лyт што го вakциниpaле со „Cпyтник“: Сите сме вознeмиpeни, измameни cмe

Поврзано

Koнтpoвepзниoт coвeтник нa Заев, Александар Обрадовиќ, e нoвиoт диpeктop нa EЛEM тpejд

Ќерката-форма на ЕСМ, ЕЛЕМ трејд од денеска официјално има нов директор. За прв човек на фирмата специјализира за трговија...

Bpaбoтeни вo cпopтcки oблoжyвaлници: „Издpжyвaмe фaмилии, плaќaмe кpeдити и бapaмe caмo дa paбoтимe“

Вработените во спортски обложувалници денес одржаа прес-конференција пред Владата на Македонија, на која ги изнесоа своите ставови во врска...

Oфициjaлнo: Bлaдaтa дoнece oдлyкa – пoлицcки oд пoлнoќ дo 4 чacoт, ќe paбoтaт и тepeтaнитe

По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие,...
- Advertisement -

Претседателот на Демократскиот сојуз пратеникот Павле Трајанов е незадоволен од односот на министрот кон пратениците, зашто, како што вели градел фејсбук стратегија за вакцинирање на пратениците. Според Трајанов пратениците се целосно дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор, што важи за останатите граѓани и остро негодуваше што тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската „Спутник В“.

Пратениците се насочени да се вакцинираат со ‘Спутник’. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со ‘Фајзер’, и министерот ја менува со ‘Спутник’. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса, реагираше Трајанов откако ја прими вакцината.

Трајанов рече дека тоа е став и на другите пратеници, но не смеат да го искажат откако ја примија.

Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама, нагласува Трајанов кој е скептичен дека со доцнењето и со ваквото темпо на вакцинација ефектите ќе бидат минимални за стекнување на колективен имунитет.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се вакцинираат во попладневните часови во Арената „Борис Трајковски“.

Целиот статус можете да го прочитате тука.

Latest News

Промени само една навика и изгуби 5 килограми: Тајната на Цеца за совршена линија

Најлесен начин да изгубите тежина. Иако Цеца Ражнатовиќ важи за една од најубавите пејачки, таа, како и повеќето жени, се...

More Articles Like This