TPAГEДИJA ВО ВЛАЕ: Дете пaднaлo во кoмa откако се пoвpeдило на игралиште во кругот на училиштето „Димо Хаџи Димов“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно дете се наоѓа во кома на КАРИЛ, откако денес во кругот на основното училиште Димо Хаџи Димов во скопската населба Влае се повредило играјќи си на таканареченото игралиште за инклузивност

 

Малиот Ангел, од 7б одделение во ОУ „Димо Хаџи Димов“ денес, играјќи си на игралиштето во кругот на училиштето се здобил со тешка телесна повреда, и во моментот е на КАРИЛ во коматозна состојба.

До повредата дошло откако на игралиштето кое е наменето за деца со хендикеп, малиот Ангел влегол и почнал да се лула на лулашка која е наменета за деца во количка. Ова значи дека лулашката е поголема од стандардните и тешка неколку стотина килограми. Ненадгледуван од никого, Ангел почнал да се лула кога ја заглавил ногата во лулашката и паднал, а до повредата дошло кога седиштето кое е предвидено да собере количка за хендикепирани лица се вратила назад и го удрила момчето во пределот на вилицата, по што тој изгубил свест.

Од она што го дознаваме, Ангел е на КАРИЛ и е во тешка состојба.

На ова игралиште ова не е прв случај во кој се повредени ученици. Минатата недела имало три случаи во кои за среќа полесно биле повредени неколку дечиња, но општината се уште нема изнајдено соодветно решение за обезбедување на ова игралиште, кое доколку не се користи соодветно и за намената за која е предвидено, е опасно по здравјето на учениците.

На Ангел му посакуваме побрзо и целосно закрепнување, а на неговото семејство и блиски сила да истраат во оваа несреќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This