Tpeба да ли да се cлyчи TPAГЕДИJA: Ha aepодромoт во Cкопje вeќe двe нeдeли е дефekтнa cветлocната cигнaлизaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извори на Инфомакс од М-НАВ говорат дека повеќе од 15 дена не функционира дел од светлостната сигнализација на аеродромот во Скопје. 

Се работи за дефект на „ПАПИ“ светлата за слетување кои се  дефектни изминативе две недели. На фотографијата подоле сигнализацијата се наоѓа најдесно на сликата. Вработените повеќе пати алармирале за дефекетот, а поплаки имало и од пилотите кои имале проблем со слетувањето на аеродрот, но од надлежните нема никаков одговор.

Имено се работи за „Индикатори на писта за прецизно слетување’ или скратено „ПАПИ“, истите служат како индикатор за аголот на слетување.

Нашата редакција се обиде повеќе пати да стапи во контакт со ПР службата на М-НАВ, но никој не дигна слушалка за да ја потврди или демантира нашата информација.

Нашиот извор е бивш вработен во компанијата кој ни посочи дека изминативе неколку месеци се отпуштени голем број вработени кои биле пред пензија.

Изворот вели дека буџетот на компанијата е празен и токму ова го посочува како причина што не се одржува светлосната сигнализација и се намалува бројката на вработени во компанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This