#TRASTAG НОВ НО СЕПАК КОРИСЕН ИНТЕРНЕТ ПРЕДИЗВИК: По многу бизарни предизвици на интернет конечно нешто корисно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизвиците на социјалните мрежи понекогаш можат да бидат многу забавни и корисни – како познатиот предизвик од 2014 година со кофата студена вода што го освои интернетот и успеа да ја подигне свеста за амиотрофичната латерална склероза и да се соберат пари за клинички истражувања што би им помогнале на заболените.

Сега повторно имаме предизвик во кој би требало сите да учествуваме.

Последниве неколку денови преку социјалните мрежи се шири хаштагот #TrashTag. Toj стана вирален, па луѓе низ светот го прифаќаат овој предизвик.

Наместо само да сликаат ѓубре и да се жалат на виртуелните пријатели, луѓето всушност собираат отпадоци на различни локации, па потоа се фотографираат со вреќите ѓубре.

Имено, неодамна на интернет едно младо момче постави фотографии пред и потоа од депонија што ја исчистил. По фотографиите луѓето се сетиле од ова да направат предизвик и да повикаат што повеќе млади луѓе да го направат истото.

Предизвикот го смислил Бајрон Роман од Аризона, иако тој не го започнал. Идејата толку им се допаднала на луѓето, што предизвикот за пет дена не само што го споделиле на сите можни мрежи туку е и преведен на различни јазици.

– Нов предизвик: Најди депонија, исчисти ја и објави фотографии пред и потоа. Ако сакаш нешто да промениш, почни од твојот крај. #trashtag, гласи предизвикот кој стана мегапопуларен низ интернет светот и корисници на социјалните мрежи со задоволство прифаќаат да исчистат купишта ѓубре во околината. Во Македонија, пак, уште претходната година иницијативата #НеБидиЃубре почна да чисти различни локации и да ја крева јавната свест за ѓубрето во нас и околу нас, а десетина волонтери од движењето ,,Не биди ѓубре“, скоро секој ден се на волонтерска акција за чистење на сметот низ градот.

Идејата за #trashtag кружи веќе неколку години, а една компанија во 2015 година ја промовираше за да заштити загрозена зона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This