October 30, 2020, 11:47 am

Volkswagen го претстави ID.4, компактен SUV што ке го зголеми пазарот за електрични возила

Поврзано

(Видео) Познатиот автомобил го менува логото по четвртина век

Познатата автомобилска марка „Киа“, по повеќе од четвртина век го менува своето лого, познатиот овален знак на јужнокорејскиот гигант...

Дојде време: Кaкo дa гo пoдгoтвимe aвтoмoбилoт пpeд зимaтa?

Зимата создава големи предизвици за превозните средства. За да бидат пресретнати на ниво е многу важна претходната добра подготовка....

(Видео) SSC Tuatara, официјално најбрзиот автомобил во светот

SSC North America, Првата американска компанија за хипер-автомобили, ја превзема титулата за „Најбрзо возило во сериска продукција“, овој пат...
- Advertisement -

Volkswagen официјално го претставија ID.4, кој ја слави својата дигитална светска премиера.

Ова е првиот целосно електрично управуван SUV на Volkswagen, кој создава нула емисии, a e произведен со јаглеродно-неутрален баланс. Овој автомобил ќе биде лансиран во најголемиот пазарен сегмент во светот, компактната класа на SUV.

„ID.4 е емотивен, сеопфатен опсег што ќе импресионира со неговиот ефикасен електричен погон, дарежливиот простор, модерните системи за асистенција и моќниот дизајн. Како прв глобален електричен автомобил, овој модел ќе ја претстави модуларната електрична матрица, која е развиена специјално за електрични автомобили. Со овој потег Volkswagen повторно ја демонстрира својата водечка улога во иновациите, технологијата и квалитетот на својот пазар“ вели Ралф Брандстатер, главен извршен директор на Volkswagen.

ID.4 е сеопфатен талент што може да се вози спортски, но исто така на лесен и удобен начин. Батеријата складира енергија до 77 kWh и овозможува опсег до 520 км. Батеријата е поставена под патничкиот простор што гарантира ниско тежиште. Електричниот погонски мотор, е позициониран на задната оска, и тој генерира 150 kW или 204 коњски сили – доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за 8,5 секунди и испорака на максимална брзина од 160 км/ч. Благодарение на тракцијата од задниот погон и тоа што е подигнат 21 центиметар над земја, овој еклектичен SUV исто така добро се покажува и на потежок терен.

Заедно со ID моделите, Volkswagen лансира на пазарот комплетен пакет за практично и одржливо полнење на електричните автомобили под името „We charge“. Ова нуди идеално решение за секоја ситуација – без разлика дали сте дома, надвор или на долго патување. ID.4 може да се наполни со директно полнење со струја за да се поминат следните 320 км на DC станица за брзо полнење за околу 30 минути.

Паралелно, Volkswagen воспоставува екосистем на одржлива електрична подвижност околу I.D. моделите. Сопствениците на ID.4 ќе добијат возило што е произведено со јаглерод-неутрална рамнотежа и ако се полни со употреба на одржливо произведена електрична енергија – како Volkswagen Naturstrom – ќе остане и јаглеродно неутрален на пат при самото возење.

Неодамна, Volkswagen го надополни портфолиото на традиционални производи во семејството на I.D возилата: нов, независен опсег на производи. Следејќи го компактниот ID.3, теренецот ID.4 е вториот целосно електричен модел. Во иднина, Volkswagen ќе се натпреварува во глобално растечкиот компактен SUV сегмент со ID.4.

ID.4 постепено ќе се претвори во електричен, глобален автомобил со планови за производство и продажба на E-SUV не само во Европа, туку и во Кина, а подоцна и во САД. Во целина, брендот Volkswagen ќе инвестира единаесет милијарди евра во електрична мобилност до 2024 година, како дел од стратегијата Transform 2025+.

Latest News

Чекор поблиску до банkpoт: Власта најавува зголемyвaње на јавниот долг на 70% од БДП

Преставниците на власта се почесто почнаа да во јавноста да ја пласираат тезата дека ако е потребно, јавниот долг...

Научник од Оксфорд: “Baкцинaтa e пoдгoтвeнa, coздaвa имyнoлoшки oдгoвop и мoжe дa ce зaпoчнe co вakцинaциja”

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека вакцината против корона не...

(Фото) Бajден може да се збогува со Белата куќа: Фамилијата зела милиони од главниот „шпиyн“ на Kинa

„Лаптопот од пеколот“ на Хантер Бајден е дарот што продолжува да дава, а најновото откритие е е-пошта која содржи инструкции за банкарски трансфери, испратени...

Рycкaтa пoлициja зacтpeлa 16-годишен тepopиcт

Руската полиција застрела 16-годишно момче во Татарстан, каде живее главно муслиманско население, откако со нож нападнало полицаец и се обидело да ја запали локалната...

Сања Кужет направи хаос во Ѕвездите на Гранд (видео)

Водителката влета на сцената и на сред емисија ги растури хартиите Атмосферата за време на снимањето на музичкото шоу Ѕвездите на Гранд од ден на...

More Articles Like This