Wizz Air вработува кабински персонал

  • October 22, 2018

Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа која располага со 104 авиони Ербас А320 и Ербас А321 и нуди повеќе од 600 рути од 24 бази, кои поврзуваат 143 дестинации во 44 земји

Со тим од околу 4.000 професионалци во воздухопловството обезбедува супериорна услуга и најниски цени на билетите што го прават Wizz Air најпосакуваниот избор на 31 милион патници.

Компанијата, за своите тековни потреби, објави оглас за вработување на кабински персонал.

Доколку сакате компетитивна плата, стабилна работа во брзорастечка компанија, можност да посетите голем број на дестинации ширум светот и многу други бенефиции, погледнете го огласот и испратете ја вашата апликација не подоцна од 02.11.2018.​

Претходно «
Следно »