- Лука Кржалоски Претседател на УМС на Вмро-ДпмнеPersonal Blog
- Македонец 365Cause
Hristijan Mickoski shared a video.
Не ви се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање!
Не ви се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ не се плаши! Не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Hristijan Mickoski
Hristijan Mickoski was live — at Влада на Република Македонија.
Во живо од антивладиниот сенароден протест #МакедонијаЌеПобеди 🇲🇰️
Вечерва бев во патриотско Ѓорче Петров, место на голема енергија и пркост, место каде граѓаните многу добро знаат што се случува и со загриженост во очите го гледаат разграбувањето и назадувањето на државата.
Велат државата ни ја одземаат од рацете, гледаме како секој ден по нешто се губи, секој нов ден е нов пораз за нашата земја, и не ни е сеедно, бидејќи за разлика од некои од власта ние резервна татковина немаме и Македонија е се што имаме во нашите животи. Нашиот дом, на...шата тврдина за која живееме и се бориме и нашата иднина. Затоа нашата битка е да го поразиме ова зло кое и се случува на Македонија, луѓето кои си играат со честа и достоинството за работи кои немаат цена, луѓе кои секој ден им е нова лага, ново изневерено очекување.
Совршено јасно е дека со оваа влада не се живее подобро, ниту ќе се живее една година од сега. Ниту економијата оди напред, ниту пак се гради, или создава нешто, единствено што цвета се бизнисите на картелот на власт, заробеното судство диригирано од чизмата на Зоран Заев, криминалот и корупцијата.
Затоа одговорот на сето ова е народот, гордиот народ кој на 2 јуни ќе го одбележи почетокот на крајот на оваа неспособна и ненародна влада, затоа што само така Македонија ќе победи, сите ние, за иднината на нашата држава, за нашите пријатели и иднината на нашите деца!
Hristijan Mickoski is with Бети Станкоска and 8 others.
Денес бев во градот херој Прилеп кој многу дал за Македонија, место на комитскиот и партизански непокор и пркост.
Токму затоа споделив со луѓето на Прилеп едно мое чувство за нешто што денес сите го видовме, а прставува една неверојатна иронија и лицемерие. Ги видовме луѓето од Владата денес поредени пред споменикот посветен на партизаните. Слика која во себе има многу спротивности. Горе ги имаме оние кои се бореле за Македонија и својот влог го потврдиле со своите животи, п...артизаните чие дело и денес се слави, а доле под нив ги имаме оние кои ја разградуваат и уништуваат Македонија, оние кои на дневна основа продаваат и распродаваат, тоа е владата на Зоран Заев. Говореа за некакви промени, а единствените промени во Македонија се оние кој потврдуваат дека се оди кон полошо, говорат за некакво ослободено судство, а единственото што се ослободи е Зоран Заев од случај каде јасно се гледа што прави и што бара, потоа предвидувајќи и диктирајќи пресуди, говореа за инвестиции, а досега една лопота не фрлија, говорат за живот, а она што обичниот човек го чувствува е само чемер и јад.
Ова е владеење каде патриотизмот го преставуваат за нешто лошо и опасно, поразот и капитулацијата го прикажуваат за победа, недостоинствените нешта ги прикажуваат за заштита на интересите.
Ова е влада која се фали со повеќе пари во буџетот, ама не кажуваат дека се собрани од поголемите давачки за граѓаните. Затоа велам доста е. Скапо ја плаќаме нивната неспособност, нивното незнаење и нивните криминални амбиции.
Одговорот на сето ова е народот и никој друг. Затоа ајде на 2 јуни пред владата да го означиме почетокот на нивниот крај. И громогласно да кажеме Македонија ќе победи!