Xаос во Романија: Вeрижен cyдир од 40 автомобили направи 3 kилометарска колона

На автопатот Букурешт – Констанца, во близина на градот Меџиди, денес се случи верижен судир во кој учествуваа 40 автомобили, по што беше формирана колона од три километри, пренесува Танјуг.

Според информациите на Службата за вонредни состојби на регионот Добруџа (ИСУ Добруџа), 16 лица биле пренесени во болницата, а 41 лице добило помош на лице место, пренесува Аџерпрес, кој додава дека маглата влијаела на несреќата. Меѓу повредените има седум деца на возраст од десет до 17 години.