Xоспитализирани 20 ковид пациенти во последното деноноќие, 806 лица се лекуваат од ковид-19 во болниците во Македонија

Поврзано

- Advertisement -

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 806 и има околу 864 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 466 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 40, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 14 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20 во Кичево 10, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациент
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 340 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 2 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало еден прием. На Институтот за физикална медицина немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 112 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид 19 вирусот, а на ГАК нема позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 7 болни.

Вкупно 340 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Latest News

Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум: Како можеме да ја зајакнеме регионалната cолидарност во поглед на научените лекции?

Во рамки на учеството на претседателот Стево Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум кој се одржа на тема: „Иновативна дипломатија:...

More Articles Like This