March 28, 2024, 12:21 pm

XABАРИЈАТА СЕ KPИЕЛА ТРИ ДЕНА: Јани Макрадули бега од медиумите, постои cтpaв од потенцијалната еколошка катacтpoфа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред малку од дворот на фабриката Охис си заминаа припадниците на АРМ од единицата НХВО, а пред нив замина и камион кој што превезуваше метален контејнер за кој се уште не е познато  што содржи. 

Неофицијално во дворот на фабриката дошло до хемиска реакција помеѓу метилакрилат мономер и вода за време на чистењето на една од цистерните во која што бил складиран токсичната материја. Од локалните жители дознаваме дека ова е трет ден како во фабриката се врши чистење на истекнувањето на оваа хемиска материја, но јавноста и медиумите дури денес дознаа за хаваријата.

Обидот да се заташка хемиска хаварија, која што би можела да предизвика ризик по здравјето и животот на граѓаните на цело Скопје е во најмала рака неморално и монструозно. Во меѓувреме се обидовме да го контактираме и заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули кој три пати ги одби нашите повици.

За хаваријата се уште нема официјален став од Владата и надлежното министертство за животна средина иако помеѓу граѓаните постои страв од потенцијалната еколошка катастрофа.

 

А.Митовски

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This