Xakирана страницата на Дигиталниот речник на македонскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Страницата на Дигиталниот речник на македонскиот јазик, алатка која според огромен број на негови корисници во Македонија и пошироко има голем придонес за зачувување и популаризација на нашиот литературен јазик и правопис, деновиве беше xaкирана и е надвор од употреба.

Нaпaдот се случи токму во пресрет на Самитот на Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Објавата, пак, за xaкирање на сајтот осамна на социјалните мрежи токму од Шинаси Деребеј, информатичар по потекло од Македонија, сопственик на компанија со седиште во Берлин, кој го создаде Дигиталниот речник на македонскиот јазик. Неговиот потег да го дигитализира македонскиот правопис и тој бесплатно да биде достапен за сите, ја воодушеви јавноста во државата.

Официјална потврда од креаторите на платформата за тоа кој и зошто го напaднaл сајтот нема, ниту, пак, информација дали нaпaдот е приjавен во секторот за компјутерски kpиминал при МВР.

„Серверите на Дигиталниот речник на македонскиот јазик се нaпaднати. Ја анализираме состојбата и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат во употреба“, стои во изјавата на Деребеј за корисниците на сајтот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This