Xakeрски нaпaди врз системот за попишyвање, Симоновски вели нема пpeдизвикано штетa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа во врска со пописот до денес има попишано повеќе од 600 000 граѓани. Само денеска се попишани над 100 000 граѓани. Смета дека со ваквото темпо пописот ќе заврши во предвиденот рок.

– Очекувам до крајот на оваа седмица да имаме забрзување, а од наредната малку да забави и ќе бидеме навреме, истакна Симовски.

Во врска со техничките проблеми кои се појавија, рече дека првиот ден немале проблеми зошто базата на податоци била празна, а веќе вториот ден мало успорување на процесот. Се детектирале причините и имале доволно време да направат ново тестирање, бидејќи ги имале попишвачите на терен. Истакна дека досега сите технички проблеми се решени.

– Користиме интерент од околина и не може само со еден предавател да се работи. Имаме голем и спремен тим и кој сето ова го контролира. Заштитните механизми се поставени на највисоко ниво. Техничките недоследности не се случија поради хакерски напади, рече Симовски.

Во врска со хакерските напади, имало два случаји за обид за хакерски напад на самот процес на попишување и двата се успешно одбиени и не предивикаа штета.

– Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и тоа јавно го демонстрираат и ги повикуваат граѓаните да не се попишуваат, додаде Симовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This