Xaoc на твитер: Бapca го пpoвоцираше Јуве, ниту италијаните не останаа должни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осоколени по победата на синоќешното гостување кај Јувентус (2-0) во меч од 2. коло од Лигата на шампионите (ЛШ), администраторите на профилот на Твитер на Барселона решија да му фатат сеир на ривалот, вклучувајќи асоцијација од вечната препирка во јавноста кој е најголем фудбалер на сите времиња (ГОАТ) – Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

По мечот, луѓето од Каталонија убаво ги пецнаа своите ривали од Торино.

„Драго ни е што имавте шанса да го видите најдобриот на сите времиња на вашиот терен“, напишаа од Барса, објавувајќи фотографија од Меси.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1321573012894896133?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1321573012894896133%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Fvojnata-pomegju-barselona-i-juventus-se-preseli-na-tviter-i-predizvika-haos-foto

Но, ништо покуси не останаа ниту од таборот на Јувентус, кои набрзо потоа одговорија со слична жестина.

„Најверојатно сте гледале во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот ГОАТ на Камп Ноу во следниот меч“, вратија „бјанконерите“, мислејќи на Роналдо, кој не настапи на оваа средба бидејќи сѐ уште има Ковид-19.

Пресметката на Барса и Јуве воедно предизвика хаос на социјалните мрежи бидејќи во „војната“ се вклучи и армијата навивачи на двата тима, кои до раните утрински часови продолжија да се објаснуваат за тоа кој е најдобар на сите времиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This