April 18, 2024, 11:21 am

XAOC СЕ ПОДГОТВУВА ВО ГРЦИЈА: Најавен масовен протест во Атина, ќе се носат стотици автобуси – „предавниците“ добиваат зaкaни, се лепат постери со нивните ликови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од владејачката СИРИЗА се загрижени по најавите за масовен протест во недела на плоштадот Синтагма во Атина, за кој се најавени стотици автобуси кои би требало да пристигнат полни со налутени Грци поради договорот од Преспа

Најавата за масовниот протест пред гласањето за ратификацијата на Преспанскиот договор предизвика паника во владата на Ципрас, пренесува грчкиот весник „Ефимерида“, особено по натписите во медиумите дека пратеници добивале поткуп од владата во замена за нивниот глас. Најизложени на удap и закани од граѓаните се пратениците на „Независни Грци“ кои претходно фанатично се бореа против договорот, а сега ветуваат глас за ратификација на истиот.

Низа на пратеници и министри во владата на Ципрас добиле зaкaнувaчки писма, а министерката за цивилна заштита Катерина Папакоста понудила и оставка поради зaкaнитe, која Ципрас не ја прифати. Медиумите, ова го сметаат за медиумски трик кој има за цел да прикаже дека „некои темни сили се обидуваат да предизвикаат xaoc“ во земјата.

Во текот на вечерта, речиси во сите градови и помали места низ Грција се појавија постери со ликовите на пратениците кои ќе гласаат за ратификација на Преспанскиот договор.

На истите е испишана пораката „Дали ќе ја предадеш Македонија?“

Поради поставените постери пpивeдeни се четири лица во Кожани, Егејска Македонија.

Освен постери, Грчките граѓани жестоко реагираат и на социјалните мрежи, а редовно се објавуваат и зaкaни за aтeнтaти на пратениците и владини функционери. Грчката полиција постапува и по овие појави, пренесува „Ефимерида“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This