Српскиот фолк пејач, Аца Лукас, пред два дена, бил итно хоспитализиран откако му се слошило во неговиот дом.
Како што објавија српските медиуми, Лукас почувствувал силни болки во стомакот, а бидејќи болката не престанала, Лукас побарал лекарска помош.
Веднаш бил примен во болница, каде што лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите потребни анализи.
Лекарскиот тим дошол до заклучок дека не станува збор за некаква сериозна состојба или болест, по што пејачот бил пуштен на домашно лекување.
При испитувањата е утврдено и дека Лукас не е позитивен на корона вирусот.