March 29, 2024, 12:58 pm

Xopopoт продолжува: Пронајдени уште 182 гpoбови на домopoдни деца под католичко училиште во Канада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Канадската домородна заедница објавила дека 182 необележани гробови се пронајдени под уште едно училиште, трето по ред.
Гробовите се пронајдени под училиштето Св. Јуџин водено од Католичката црква од 1912 до раните 1970-ти. После тоа, зградата е претворена во одморалиште и казино со терен за голф, пишува ЦБЦ.

За потсетување, остатоците на 215 деца беа пронајдени во Канада, некои на возраст од три години, закопани на местото на некогашното училиште за домородни деца. Станува збор за ученици на интернат за домородни деца „Камлупс“ во Британска Колумбија, што бил затворен во 1978 година, а нивните остатоци биле пронајдени со помош на специјален радар.

„Можевме да го потврдиме она што нашата заедница веќе го знаеше“, рече тогаш Розана Казимир, водачот на домородната заедница.

На 24 јуни, домородната заедница објави откривање на 750 нови неименувани гробови на местото на некогашниот интернат, повторно шокирајќи ја Канада откривајќи дел од искушението низ кое минувале домородните деца во католичките училишта.

„Започнавме истражување со георадар на 2 јуни и до вчера најдовме 751 необележан гроб“, рече водачот на Кадмус Деломре. Тоа е ново откритие во општината Мариевал на западот од земјата.

„Тоа не е масовна гробница, тоа се неидентификувани гробници“, рече тој, објаснувајќи: „Можеби се некои идентификувани, но претставниците на Католичката црква ги отстраниле надгробните споменици“.

Премиерот Џастин Трудо исто така издаде соопштение во кое се вели дека Канада мора да учи од минатото и да оди кон помирување. Тој исто така го повика Папата Франциск да се извини во име на Католичката црква.

Претседателот на Федерацијата на суверени домородни нации на Саскачеван, Боби Камерон, ги осуди злосторствата против човештвото и агресијата врз домородните народи.

„Единственото злосторство што го сторија е тоа што се родени како автохтони луѓе“, рече тој, повикувајќи ја Црквата да соработува во истрагата.

„Ќе најдеме повеќе остатоци и нема да застанеме сè додека не ги најдеме остатоците на сите деца“, рече тој.

Околу 150 000 американски, местизо и ескимски деца биле насилно одделени од своите семејства и затворени во 139 интернати ширум земјата каде ги изгубиле сите контакти со своите родители, мајчиниот јазик и нивната култура. Таквиот геноцид се спроведувал до доцните 90-ти. Многу деца биле изложени на злоупотреба, силување и неухранетост, во она што во 2015 година Комисијата за вистината и помирување го нарече културен геноцид.

Откритието предизвика огромен шок во Канада и на поранешните ученици им била дадена можност да проговорат за ужасот низ кој поминале. Домородните деца биле донесени во интернатскиот училишен центар Мариевал во источен Саскачеван од 1899 до 1997 година, а две години подоцна бил срушен. За телевизијата ЦБЦ, поранешниот штитеник на интернатот Бери Кенеди оценил дека откритието е само врв на ледениот брег.

“Доживеавме силување во тие училишта. Доживеавме насилно тепање. Доживеавме работи што не се сметаа за нормални во нашите семејства”, рече тој.

Неколку дена по откривањето на гробовите под училиштето во округот Мариевал, во Канада биле запалени неколку католички цркви изградени на територијата населена со домородни Индијанци.

Официјален претставник на пожарникарите изјавил дека верува оти за пожарот се користела запалива течност и дека „сите индикации се дека бил подметнат“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This