October 20, 2021, 6:31 pm

Xpватите во одбpaна на Maкедонија – Забележани неколку инцидeнти: „Со вашата валkaна политика кон Македонија доаѓате овде во нашата убава Хрватска“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Хрватска во изминатите неколку денови се случиле неколку инциденти поврзани со бугарски државјани, за што амабсадорката на Бугарија во Загреб, Генка Василева Георгиева ги известила надлежните органи, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Според пријавата на амбасадорката Георгиева, како што наведува весникот, хрватската полиција работи на два случаја.

– Во првиот, таксист остро и приговорил на Бугарка која влегла во неговото возило: „Вие Бугарите со својата валкана политика кон Македонија доаѓате овде во нашата убава Хрватска“, а потоа застанал и ја замолил да го напушти возилото. Во вториот случај, бугарска државјанка пријавила дека кон неа и кон нејзиниот сопруг биле фрлени предмети на пазар. Продавачот почнал да ја навредува бугарската државјанка, затоа што, како што пишува во пријавата, „Бугарија ја уценува несреќна Макеоднија“. Во трет случај, наводно, на син на Бугарка му бил забранет пристап во градинка во Загреб, но случајот е решен, додава „Јутарњи лист“.

Весникот наведува дека за инцидентите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвинил претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој минатата недела остро ја критикуваше Бугарија поради блокирањето на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. (МИА)

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Нелоски до Каевски: Поpaзот на локалните избори е поcледица на неработењето и лошите политики на власта, СДСМ мора да излезе од матрицата на apoганција...

Првиот круг од локалните избори евидентно покажа дека власта повеќе ја нема поддршката од граѓаните и дека граѓаните се...

More Articles Like This